Нов албум на 2Cellos

Loading...

Хрватската атракција 2Cellos издаваат нов албум. Симпатичните Лука и Стјепан, откако импресионираа со неверојатните live изведби на музичките класици, како Smooth Criminal, Smells Like Teen Spirit, With Or Without You, најавија нов албум.

 

Новиот албум ќе го носи името “Int2ition” на кој соработуваат со легендарниот Боб Езрин, кој пак има соработувано со Pink Floyd, Kiss и Alice Cooper. Албумот е сниман во Загреб, Рим, Лос Анџелес и Лас Вегас, а на него ќе се најдат преработки во нивен стил на песните Woody People, We Found Love, Clocks, Every Bretah You Take како и Candle In The Wind. Албумот прво ќе биде промовиран во Јапонија во ноември, а во почетокот на 2013 година, ќе го најде својот пат во Америка и Хрватска. 

 

На нивната последна турнеја тие го посетија и Охрид и ја воодушевија и нашата публика. Потсетете се на тие моменти:

Погледнете ги и овие статии:

B B King – Just a little bit of Love 

“Let's Dance”- David Bowie

Bill Withers – Ain't no Sunshine

loading...
Loading...