Трисет и осум нови случаи на ХИВ/СИДА во Македонија се регистрирани оваа година. Има осум смртни случаи поврзани со СИДА.
Инстутот за јавно здравје објави извештај по повод 1 декември, Светски ден за борба против СИДА, со податоци склучно 27 ноември.
Бројките за 2025. претставуваат инциденца од 2,1 на 100.000 жители. Бројот на случаи во 2025 година е помал за 25,5 отсто споредено со истиот период од 2024 година кога бил регистриран 51 случај.
Најголем дел од случаите се во Скопје, а останатие се во 14 градови од Македонија, додека еден е странски државјанин.
Од новорегистрираните 37 се мажи, една е жена. Просечната возраст на новите случаи е 35 години и е во опсег од 23 до 64 година, а 73,7 отсто од случаите се на возраст од 20 до 39 години.
Од 1987 до 2025 во Македонија регистрирани 726 случаи на ХИВ/СИДА, а 32 отсто од сите случаи се регистрирани во последните пет години. Вкупно 138 од дијагностицираните лица во Македонија починале поради причини поврзани со СИДА, што претставува стапка на смртност од 18,2 отсто.
Во светот досега се регистрирани околу 44,1 милиони смртни случаи, а трансмисијата на вирусот се регистрира во сите земји на глобално ниво.
Се проценува дека на крајот на 2024 година живееле 40,8 милиони луѓе со ХИВ, од кои 65 отсто се во африканскиот регион на СЗО.


