Фото: Комити „грмеа“ на трибина, Вардар го декласираше Ловосице!!!

Loading...

Навивачката група на Комити бучно навиваше за својот тим, Вардарци возвратија со маестрална партија и целосен дебакл за гостинот Ловосице.

Вардарци со убедливи 36-19 целосно го надиграа тимот на Место Ловосице, убедлив триумф, а голем впечаток остави и враќањето на навивачката група „Комити“ кои имаа големо место во победата на својот омилен тим.

Вардар со голема предност патува во Чешка на реваншот, сепак се чини дека веќе пласманот во наредната рунда е заверен, се чека противникот од наредната рунда, односно двомеч пред групната фаза.

loading...
Loading...