МЗТ Скопје пред 2500 навивачи во СРЦ Борис Трајковски беше поразен со 75-83 од екипата на Раднички во АБА лигата, сепак, главниот тим не беше ниту МЗТ ниту Раднички на овој натпревар, главен тим на овој натпревар беа популарните „Фемили“ кои го бодреа својот тим во текот на целиот натпревар, и покрај негативата во текот на натпреварот.
Во првата четвртина мечот беше 15-15, втората четвртина беше пресудна за мечот, Раднички со високи 17-29 ја доби оваа четвртина и можеби ова беше момент на одлука на натпреварот. На полувреме резултатот гласеше 32-44.
Во вториот дел се дојде до предност во третата четвртина, односно третата четвртина МЗТ ја доби со 26-24. Последната четвртина повторно ја доби тимот на МЗТ, резултатот гласеше со резултат 17-15.
Конечниот епилог од мечот гласеше 75-83 во корист на гостинската екипа.
Кај екипата на МЗТ најдобар поентер беше Дамјан Стојановски со 19 поени, од противничкиот табор Чапин и Борисов со по 16 поени беа најефикасни на овој натпревар во својот тим. Најдобар поентер на целиот натпревар беше Дамјан Стојановски со 19 поени и 36,30 минути поминати на паркетот.
Натпреварот во СРЦ Борис Трајковски го следеа близу 2500 гледачи.
Ова беше четврта рунда од АБА лигата, наредниот натпревар МЗТ го игра во Сплит, со истоимениот клуб во Сабота со почеток од 20,30 часот.
Пронајдете не на следниве мрежи: