Апстрактната слика на германскиот уметник Герхард Рихтер постави нов рекорд кога станува збор за цена платена на наддавање за дело од жив сликар, откако беше продаден за 34,2 милиони доалри.
Сликата „Abstraktes Bild (809-4)“ од колекцијата на славниот гитарист Ерик Клептон е продадена на аукцијата организирана од куќата Sotheby's во петокот навечер на анонимен купувач по наддавање кое траело само пет минути.
Пред наддавањето се очекуваше дека делото на Рихтер ќе достигне цена меѓу 14 и 19 милиони американски долари.
Оваа продажба ја надмина цената што во 2010 година сликата „Flag“ на Џаспер Џонс беше продадена за 28,6 милиони долари во Њујорк на наддавање организирано од аукциската куќа.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: