Металург во Данска ја брка третата победа во ЛШ

 

Ракометарите на Металург во недела, во рамките на третото коло, во Ц групата, од Лигата на шампиони, ќе му гостуваат на данскиот Силкеборг.

Македонскиот првак во Данска ќе биде во потера по третата победа во шампионската лига, откако претходно забележа сигурни победи над Шамбери и Горење Велење. 

Во пресрет на третото коло Металург, заедно со Киелце е лидер во Ц групата, додека Силкеборг, во првите две кола има половичен ефект, пораз од Киелце и победа над Шамбери. 
Металург против данскиот тим ќе настапи без Велко Марковски, столбот на обраната на екипата на Лино Червар, поради повредата на носот остана во Скопје. Мите Стоилов, кој подолго време поради пореда беше отсутен од тимот го пополни местото во ростерот на Металург. 

Силкеборг е типичен преставник на скандинавската ракометна школа, играта ја базира на зонската одбрана 6-0, од којапроизлегуваат брзите контранапади. 

Данците се свесни дека мечот со македонскиот шампион ќе биде многу потежок од оној кој против Шамбери. 

„Металург е многу силен тим со силна физиономија. Ние треба да играме брзо, доколку успееме во тоа тогаш имаме добри шанси. Фокусирани сме на овој меч бидејќи знаеме колку е тешко во Лигата на шампиони да се победи на гостински терен. Ако победиме ќе имаме четири бода од три натпревари што ќе биде многу убаво“, изјави за интернет страницата на EHF, Николај Орис Нилсен. 

Натпреварот помеѓу Силкеборг и Металург ќе започне во 17 часот.

 

Макфакс

извор: макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: