Тројката сака да и даде на Грција уште две години за реформите

Експертите ангажирани од најголемите странски доверители на Грција по анализата на нејзините сметки заклучиле дека на земјата ќе и’ бидат потребни уште две годни за успешно спроведување на тешките структурни реформи, пишува во неделата германскиот весник Der Spiegel. 

Ревизорите од ткн „тројка“ (Европската унија, Европската централна банка, и Меѓународниот монетарен фонд) „минатата седмица побарале од министрите за финансии од земјите членки на еврозоната да и’ дадат на Грција уште две години“, што всушност се совпаѓа и со барањето ан владата на грчкиот премиер Антонис Самарас, пишува неделникот

Овие дополнителни две години би требало да и’ овозможат на Грција да ги спроведе буџетските кастрења и структурните реформи,  а не да го задушат и онака катастрофалната економија , како и да ги привлече граѓаните на натамошни одрекувања. ММФ, за таа цел, е подготвен да и’ одобри продолжување, но некои земји од еврозоната коишто веќе не сакаат да позајмуваат свои пари, бараат поголеми залагања од владата во Атина.

Грчката влада оцени дека заштедата од 7,8 милијарди евра коишто им ги наметна на граѓаните што е услов нејзините странски доверител да и’ ја одобрат следната транша во износ од 31,5 милијарди евра од големиот втор пакет помош поголем од 110 милијарди евра, не е доволна. Меѓутоа, во преговорите со „тројката“ изминатиов  викенд, се зборуваше за 9,2 милијарди евра,  изјавил извор од грчкото министерство за финансии. Инаку, буџетските заштеди за 2013 и за 2014 година првично беа проектирани на по 11,5 милијарди евра.

Според пишувањето на Der Spiegel, во самата „тројка“ не е постигнат  единствен стави во врска со политичкиот приод кон ова прашање. Така, извршната директорка на ММФ, Кристин Лагард, во четвртокот јавно се зазема на Грција да и’ се одобри продолжувањето  за да го запре својот дефицит.

Грчкиот премиер, Антонис Самарас, изјави во интервју за грчкиот весник Kathimerini објавено во неделата дека очекува договор со доверителите од „тројката” (Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) пред самитот на ЕУ на 18-ти октомври.

 „До тоа време ние, прво целосно ќе го комплетираме договорот за приоритетните фискални и структурни мерки потребни за распределбата (на следната транша). Второ, Европа и ММФ, очигледно, ќе мора да ги надминат разликите во нивните процени во однос на тоа како да се обезбеди стабилноста на долгот”, вели Самарас.

Грчкиот премиер и претходно предупреди дека неговата земја не може веќе да прави одрекувања и дека касата на Грција ќе се испразни, доколку не дојде навреме следната транша од надворешната финансиска помош.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: