Германија ја сака Хрватска во ЕУ, но нема да и попушта

Loading...

Германија сака Хрватска да стане членка на ЕУ, но сепак, треба да се исполнат некои критериуми, што за Хрватска нема да бидат дополнителни тешкотии или пак попусти, најави германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле, на состанокот во Луксембург.

„Останува она што е договорено, уверен сум дека спогодбата меѓу Европската унија и Хрватска ќе биде исполнета чекор по чекор. Добро е познато дека ја сакаме Хрватска како членка на ЕУ, а тоа е веќе одлучено, но потребно е да се исполнат релевантни критериуми“, вели Вестервеле.

Во изјавата пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, во понеделник во Луксембург, Вестервеле порача дека нема да има попусти за Хрватска, ниту нови препреки.

„Сериозно ќе спроведеме, точка по точка, она што е договорено меѓу ЕУ и Хрватска“, рече Вестервеле.

Хрватската министерка за внатрешни и европски работи Весна Пусиќ, која на состанокот во Луксембург е во својство на набљудувач, во неделата вечерта разговарала со Вестервеле за прашањето на ратификација на хрватскиот договор во германскиот парламент.

Од Германија последните денови стигаа противречни информации за продолжување на проширувањето и хрватската подготвеност за членство.

Претседателот на Бундестагот, Норберт и Ламерт, вели дека мора внимателно да се однесуваат кон новите членки поради искуството со Бугарија и Романија.

„Хрватска се уште не е подготвена за ЕУ“, вели тој.

Од друга страна, германската влада изрази увереност дека Хрватска во предвидениот рок ќе ги исполни критериумите.

Макфакс

loading...
Loading...