четврток, 12 ноември 2026
Најново

Харадинај влегува во владата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Алијансата за иднината на Косово(АИК) ќе стане членка на владејачката коалиција следниот месец, откако Хашкиот трибунал ќе донесе одлука за лидерот на партијата Рамуш Харадинај, во врска со обвинението за воени злосторства.

Ова во понеделник го пишува приштинскиот весник „Косова Сот“, повикувајќи се на неименувани извори.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

По ослободувањето на Харадинај, АИК сигурно ќе и се придружи на Демократската партија на Косово(ДПК), тврди изворот на весникот.

Потпретседателот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово Лутви Хазири изјави дека коалицијата меѓу ДПК и АИК зависи исклучиво од одлуката на Харадинај, наведува приштински „Експрес“.

Хазири рече дека Харадинај се обидува да покаже дека е политичка фигура која умее да ја сочува политичката стабилност и единство.

Макфакс

 

Поврзани вести