Натпреварот за FIRST LEGO League (за деца од 10 години и нагоре) и FIRST LEGO league junior (за деца од 6 до 9 години) за кој регионален партнер на територијата на Република Северна Македонија е „Академија за роботика и иновации“ од Скопје, ќе се оддржи во сабота на 26-ти февруари 2022 година во просториите на  СОУ “Тошо Викентиев” од Кочани а во соработка соФакултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Натпреварот, секоја година се оддржува низ повеќе од 100 земји низ светот, со учество на преку 40.000 тимови од национално и меѓународно ниво кои заедно со своите ментори работат на различни предизвици од областа на инженерството и кодирање до размислување за дизајн и вклучување на заедницата, решавање предизвици од областа на науката, технологијата, инженерството и математиката (STEM) – основа за се што правиме во FIRST®. Програмите на FIRST, освен теоретско, обезбедуваат и суштинско практично образование, овозможуваат стекнување со практични искуства и инспирација која им е потребна на младите луѓе да бидат поттикнати и да изградат подобар свет. Надвор од играњето, натпреварувањето и тимските предизвици, учесниците ја продлабочуваат својата љубопитност и самодоверба за да создадат подобра иднина за себе и за нивните заедници преку набљудување на можностите за решавање на проблеми во реалниот свет, за подобрувања на светот во кој живееме, свет со иновации и инклузија.

Оваа сезона 2021 – 2022, предизвикот е ИДНИНАТА НА ТРАНСПОРТОТ вклучувајќи креирање на иновативни решенија од испорака на пакети во рурални и урбани области до испорака на помош при катастрофи, во рамки на деветтиот предизвик на Обединети нации за оддржлив развој фокусирана на градење отпорна инфраструктура, промовирање на инклузивна и одржлива индустријализација и инспирација за иновации. На овој начин, учесниците се поттикнуваат  да размислуваат за идната оддржливост на транспортот а ние ги охрабруваме да се обидуваат и да не се откажуваат да бидат следната генерација лидери и иноватори, справувајќи се со најтешките предизвици во светот.

Преку категориите на роботска игра и дизајн на роботот со кој тимовите практично ќе ги совладуваат мисиите на овој предизвик, иновативен проект и основни вредности, ќе бидат оценувани од страна на стручното жири составено од Универзитетски професори при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, поддржувачи на настанот од приватниот и јавниот сектор.

За тимот кој во секоја од наведените категории ќе освои најдобри резултати, овозможивме понатамошен пласман на светско ниво кое оваа година ќе се оддржи во Русија или Бразил.

МИСИЈАТА на FIRST® е да ги инспирира младите луѓе да бидат лидери и иноватори во науката и технологијата, вклучувајќи ги во возбудливи менторски програми со помош на кои ги развиваат своите вештини од областа на STEM кои понатаму инспирираат иновации и поттикнуваат развој на неопходните способности за животот на 21 век како самодоверба, комуникација и лидерство.

Основните вредности го нагласуваат пријателскиот натпреварувачки дух, почитувањето на придонесите на другите, тимската работа, учењето и вклученоста во заедницата како дел од нашата заложба за поттикнување, негување и зачувување на културата на еднаквост, различност и инклузија.

Имајќи ја во предвид важноста на овој натпревар во развојот на нашите млади и националниот развој, работата и придонесите на сите ментори и учесници на тимовите од различни градови на нашата држава како Кочани, Скопје и Тетово, би сакале да ве поканиме да присуствувате на настанот и заедно да го проследиме кон пошироката јавност.

Настанот  ќе се одржи на 26 февруари во Кочани, со почеток од 10:00 часот а ќе трае до 17:00 часот.

Свој говор ќе оддржат претставници од организацијата за територијата на Република Северна Македонија, градоначалникот на град Кочани, претставници од интернационалната заедница на натпреварот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.