Адвокатите на Бојиновиќ ќе ги спасат браќата Карабатиќ?

Loading...

 

Адвокатите на српскиот ракометар Младен Бојиновиќ, откриле низа процедурални пропусти, поради кои, најверојатно ќе биде прекинат судскиот процес поврзан со ракометниот скандал.

Бојиновиќ е еден од обвинетите ракометари, меѓу другите се наоѓаат Никола и Лука Карабатиќ и уште неколку играчи на Монпелје, тие се обвинети дека минатата сезона на 12-ти мај го наместиле мечот со Рен. 

Информацијата ексклузивно ја објави францускиот магазин Point, повикувајќи се на експертизата на адвокатите Лук Абраткиевич и Изабел Монсенего.

Правните застапници на Бојиновиќ, пронашле неколку „дупки“ во правилниците на Францускиот ракометен сојуз (FFH), што неминовно ќе довело до прекин на судскиот процес. 

Според нив, нивниот клиент нема да одговара за „многу тежок прекршок“, бидејќи интернет обложувањето, според Дисциплинскиот правилник на EEH,  се смета за обичен, односно „благ“ прекршок. 

Во Етичкиот кодекс на FFH, кој е донесен во февруари оваа година, суспензија за спортист комарџија е предвидена доколку делото е карактеризирано како „тежок прекршок“. 

Прашање е што ќе се случи со браќата Карабатиќ и другите играчи на Монпелје кои се обвинети за свесно организирана измама. 

Point известува дека постои втора незаконска работа која нив може да ги спаси, имено четивото за интернет обложувањето, во Етичкиот кодекс е уфрлен дури на 28-ми јуни, односно 90 дена откако ракометарите наводно манипулирале со резултатот на мечот со Рен.

 

Макфакс

извор: б92

loading...
Loading...