Куркумата е коренско растение кое потекнува од Азија, а низ историјата се користи како зачин, лековито средство и боја за текстил. Содржи куркумин, кој има антивоспалителни, антисептички и антивирусни својства.
Домаќинките денес го користат како додаток во јадењата, а многумина не знаат дека овој зачин има бројни здравствени придобивки.
Куркумата е богата со влакна, витамини, минерали и елементи во трагови. Како што веќе споменавме, содржи најмногу куркумин, состојка која дава вкус, мирис и боја на куркумата.
Придобивките од овој зачин се навистина многубројни, а ние за вас издвоивме четири, најистакнати
Придобивките од овој зачин се навистина многубројни, а ние за вас издвоивме четири, најистакнати.
Олеснува и штити од артритис
Силните антиинфламаторни својства на куркумата долго време се користат во античката индиска и ајурведска медицина како третман за воспалителни заболувања како што се артритис и ревматоиден артритис.
Истражувачите откриле дека екстрактот од куркума го блокира почетокот на ревматоидниот артритис така што го спречува активирањето на протеинот NF-κB поврзан со воспаление во зглобовите.
Го олеснува варењето
Веќе е познато дека редовните мали дози на куркумин во комбинација со црн пипер помагаат при надуеност и губење на енергија после оброк, но и ги зајакнуваат ѕидовите на цревата и ја намалуваат стомачната болка. Помага и при синдром на нервно црево, неправилна столица и дијареа, со тоа што ги уништува габите и бактериите кои ги предизвикуваат.
Куркумата е природен согорувач на масти
Една од добро познатите придобивки на куркумата е нејзината способност да му помогне на телото да согорува масти. Покрај тоа што се додава во исхраната за согорување на маснотии, куркумата помага да се подобри вкусот на речиси секое јадење. Со куркумата нема да мора да се свртите кон апчиња за слабеење и забрзани диети.
Го зајакнува имунолошкиот систем
Во неколку наврати е докажано дека куркумата е одличен стимул за силен имунолошки систем, што доведува до подобро општо здравје и благосостојба.