Штом оваа објава се појави на популарен форум на Reddit, многу жени решија да ја пробијат цензурата и да ја кажат вистината за оваа тема.
Дискусијата за најголемите грешки што ги прават мажите во кревет е една од најпопуларните на овој форум, а моменталниот број на коментари е повеќе од три илјади.
Многу жени открија овде што доживеале под чаршафите и што не им се допаѓа кога мажите го прават, или поточно, какви грешки најчесто прават, а кои веднаш им го расипуваат расположението, објавува „The Sun“.
Грубост
„Не ми пречи грубоста, но сакам прво да знам што ме чека“, напиша една жена, додека друга се согласи и додаде дека и не ѝ се допаѓа кога мажите грубо „си играат“ со нејзините делови од телото.
Туркање на глава
Многу жени се согласија дека една од најголемите грешки е туркањето на главата кон машките гениталии.
Тие велат дека проблемот не е во самото орално задоволство, туку дека сакаат да утврдат кога е вистинскиот момент за тоа, и во предиграта и за време на самиот чин.
Постојано менување на пози
„Кога ќе им кажете дека се одлични и тие веднаш го менуваат она што го прават или го забрзуваат“, гласеше еден коментар, додека друга жена се согласи: „Постојано менување на пози. Не сакам да се чувствувам како месо на скара. Една или две пози во сексот се совршени за мене. И не, не ми е здодевно.“
Имитирање сцени од филмови за возрасни
Иако ова не е случај за секого, една девојка истакна дека мрази кога мажите го копираат она што го виделе во филмовите за возрасни, наместо да ги следат сигналите што им ги испраќа жената.
„Оргазмот не е единствената цел. Сакам да се забавувам и да уживам во него. Дури и ако не го постигнам веднаш со нов партнер, нема да бидам разочарана ако сексот бил добар“, објасни таа.
Пронајдете не на следниве мрежи:


