Креаторот на групата „Јавна соба“, Дарко Костовски, доби четири години затвор, а на администраторот Михаил Паневски му се досудени исто така четири години затвор, од судијката Билјана Коцевска.

Казните ги добија бидејќи обвинителот Владо Милошевски тврдеше дека тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете. Двајцата се гонат за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.
102.000 записи од фотографии и видеа биле најдени во телефонот на основачот на групaта, а над 14.000 фотографии и видеа кај модераторот, кажа судијката.
Тие беа обвинети за производство и дистрибуција на детска порнографија.Во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, креаторите на групата биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на „Јавна соба“.
Пронајдете не на следниве мрежи:


