Но, ако се водиме по правилото дека она што е здраво не секогаш е највусно, тогаш јасно ви е зошто како мали ве терале да јадете карфиол, цвекло или прокељ.
Како да им дадете подобар вкус на најомразените зеленчуци?
Топчиња прокељ
Комбинирајте со намирници со јаки вкусови како сланина, лук и балсамико оцет. Исто така, повкусни ќе бидат ако ги потпечете.
Карфиол
Похуван, со малку крем-сирење или павлака, карфиолот добива подобар вкус. Може и да го измиксирате и да направите крем супа од него.
Модар домат
Семките и сунѓерастата текстура не му одат во прилог, но ако го испечете и маринирате во солена вода со оцет и зачини, ќе добие многу поинаков шмек.
Може да го оставите како туршија да отстои во тегли потопен со маслиново масло, балсамико и италијанска мешавина.
Цвекло
Додадете го во смути со вкусни овошки или зеленчуци. Втор начин е да го исечете цвеклото на ситни парчиња, да го потпечете на хартија за печење и да зачините со многу свежи билки и маслинов зејтин.