Неверствата се насекаде околу нас, а во денешно време е полесно да наброите парови кои не биле изложени на неверство отколку оние кои биле.
Како и кај секоја работа поврзана со љубовта, така и кога станува збор за неверството, постојат бројни митови во кои морате под итно да престанете да верувате.
Неверството е секогаш резултат на несреќна врска
Иако често е, понекогаш станува збор за сплет на околности. Личноста може да биде среќна во бракот или врската и пак да има потреба да биде неверна – луѓето се склони кон барање на задоволство, а кога го бараат, тоа не значи дека се несреќни со она што веќе го имаат, туку се само љубопитни.
Неверството значи крај на врската
За некои, ваквото предавство е дефинитивен крај на односот, но за некои претставува прилика да го изградат својот однос од темел. Некои парови ја гледаат кризата како добра прилика за нов почеток, а неверството може да биде токму тоа.
“Еднаш неверен, засекогаш неверен”
Уште еден мит кој треба да се заборави – личностите кои се вплеткани во неверство, често се враќаат на старото однесување, но тоа никако не мора да значи дека можат да се променат и да станат верни. Не постои правило кое вели дека неверната личност засекогаш ќе биде неверна.
Мажите изневеруваат поради секс, жените поради емоции
Ниту во овој случај не постојат правила. Постојат жени кои изневеруваат затоа што сакаат врел, возбудлив секс и постојат мажи кои изневеруваат бидејќи им недостасуваат емоции во врската во која се наоѓаат. Не е фер да се генерализира.