4 начини на кои може да приготвите јајца на скара – едноставно, необично и вкусно…

Јајцата лесно можат да се подготват во пепел со стабилен жар или пак на скара која што не е премногу жешка, а одлични се и завиткани во мелено месо или пак ленти сланина…
Што добивате доколку јајцата ги ставите на скара? Јајцата направени на таков начин се слични на варените, но овојпат ќе бидат повкусни. Постојат неколку методи за таа подготовка, а вие изберете си една:
Директно на скара
Јајцата приготвени на скара ќе биде потребно да ги готвите од 6 до 14 минути, во зависност од тоа колку мека или тврда жолчка сакате. Доколку лушпата пукне, тогаш јајцето е готово.
Во пепел
Јајцата затрупајте ги во пепел, но немојте во жарот за да не испука кората. По 10 минути јајцата се подготвени за лупење.
Во пиперка
Од пиперките извадете ги врвовите и исчистете ги семките, па во секоја пиперка ставете по едно јајце. Зачинете и во секоја од нив додадете сирење. Пиперките поклопете ги со откинатите врвови, па печете околу 20 минути.
Во мелено месо
Сварете ги јајцата па излупете ги. Направете смеса од мелено месо, зачин и малку минерална вода. Земете мелено месо, па внатре ставете ги јајцата. Направете облик топче и замотајте го во сланина, па прободете го на стапче за ражнич. Печете околу 20 минути.
Погледнете го видеото:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.