4 најдобри начини да сочувате и заштедите брашно

Брашното делува како намирница која е лесно да се купи. Го носите во една од оние тешки кеси дома од маркет, а потоа го ставате во темен агол, сè додека не треба да се искористи, зарем не?
За жал, тоа не е исправно. Сите видови брашно со текот на времето се расипуваат, но и привлекуваат непосакувани суштества, како бубачки, без оглед колку ви е кујната чиста.
Еве како да го спречите тоа:
Купувајте само онолку колку што ви е потребно
Нека не ве лажат распродажби – обидете се да купите само онолку брашно колку што мислите дека можете да искористите во наредните неколку недели. Брашното привлекува влага, што значи дека може да се расипе прилично брзо. Ако можете, побарајте брашно на мерење, на тој начин ќе купите онолку колку што ви е потребно.


Не го чувајте брашното во хартиените кеси
Најдобриот начин да го одржите брашно свежно и да спречите бубачките да влегуваат во него е да го чувате во пластични или стаклени садови со херметички затворачи. Чувањето во хартиена кеса може лесно да предизвика влага и така да доведе до негово расипување.
Чувајте го на темно и ладно место
Не го оставајте садот со брашно на светло место. Топлината и сончевата светлина можат да го расипат брашното. Наместо тоа, најдете место кое е оддалечено од шпоретот и другите жаришта во вашата кујна.
Замрзнете го брашното
Ако купувате брашно повеќе од што можете да искористите во неколку недели, направете место во вашиот фрижидер или замрзнувач. Не заборавајте пред тоа да го ставите во садови со херметички затворачи. Брашното може да издржи до една година ако се чува на овој начин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.