4 неодоливи летни фустани инспирирани од славните ѕвезди со стил

Фустаните се неизбежен дел од шкафот на секоја жена и најдобриот избор за разладување во текот на летните денови. Освен тоа што не морате да го осмислувате целиот изглед, тие се и финансиски попристапни од комбинирање здолниште и блуза или панталони и маичка. Па, ако сакате да се инспирирате од одличниот стил на следниве неколку ѕвезди, продолжете со читање!
1. Лесен фустан до колена


Цветните мотиви, пастелните и лесните материјали се заштитен знак за овогодишниот тренд на фустаните. Краткиот летен фустан овој пат е „продолжен“ до колена, давајќи дополнителна доза женственост.
2. Долг фустан на копчиња


Долгиот темен фустан на копчиња е одлична идеја за излегување во попладневните, но и вечерните часови. Спортско-елегантниот фустан е идеален за прошетка, но исто така и за журка. Совршено ги нагласува женските атрибути и дава шик изглед.

3. Фустан на едно рамо


Има ли нешто посекси од жена што ги покажува рамената? Фустанот на едното рамо е одличен избор за дамите што би сакале да заведуваат ова лето. Дали ќе изберете краток или долг модел, останува на вас.
4. Долг фустан до под


Овој фустан дава неверојатна слобода при движењето, затоа што не ја ограничува жената ни во одењето, ниту пак ја стега кај струкот. Затоа и овој модел изгледа неверојатно на сите жени со сите градби и големини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.