Кога зборуваме за грицки, пуканките се првото нешто што им паѓа на ум на многу луѓе.
Солени се и крцкави и ќе ја задоволат желбата за грицкање. А добрата вест е дека јадењето пуканки може да има корист за вашето здравје ако внимавате на три работи: масти, калории и содржина на сол.
„Пуканките купени во продавница имаат повеќе калории од домашните пуканки бидејќи во нивното производство се користат повеќе масти и сол“, вели диететичарката Миранда Галати.
Овие масти се заситени и треба да се консумираат минимално бидејќи го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања. Исто така, исхраната богата со сол е поврзана и со срцеви заболувања, поради што треба да ја намалиме количината на натриум во нашата исхрана.
„Можете сами да направите пуканки, користејќи масло од авокадо или сончогледово масло и додавајќи минимална количина сол“, предлага Галати. Ако не сакате обични пуканки, можете да додадете чили во прав или бибер.
Кога редовно консумираме здрави пуканки, можеме да доживееме четири промени.
Подобри навики на дебелото црево
Пуканките содржат влакна, околу грам по чаша. Влакната се од суштинско значење за здравјето на дигестивниот систем, промовираат редовно празнење на дебелото црево и помагаат во спречување на запек.
Подобро кардиоваскуларно здравје
Влакната, исто така, имаат корист за здравјето на кардиоваскуларниот систем. Имено, тие помагаат за намалување на LDL холестеролот, кој го зголемува крвниот притисок и воспалението.
Може да изгубите тежина
Пуканките се храна со висок волумен. Тоа значи дека можете да јадете многу од нив и да внесете релативно малку калории. Разгледајте ја оваа споредба за доказ: шолја чипс има 1.210 калории, додека шолја пуканки има 31 калорија.
Ќе имате повеќе енергија
Пуканките се закуска богата со јаглени хидрати која може да обезбеди брз и лесно сварлив извор на енергија. Тоа може да биде особено корисно за спортистите или оние кои се занимаваат со физичка активност.
Имајте предвид дека не треба да се претерува со пуканките бидејќи може да доведе до надуеност, гасови и запек. Како и со сè, бидете умерени.