4 трикови за будење кои може да ги применувате и на работа

Понекогаш се случува уште од самото будење да се чувствуваме поспано и уморно, без разлика дали претходната вечер сме биле излезени со пријателите, сме останале дома да гледаме филм или сме си легнале рано. Често, имаме многу обврски, па тие придонесуваат да се измориме во текот на денот и да ни се приспие. Следете ги овие неколку трикови, за да можете следниот пат да си помогнете кога ќе бидете поспани.
1. Не претерувајте со кофеинот
Можеби во прв момент ви се чини како добра идеја да испиете двојна доза кафе или неколку шолји една по друга. Но, доколку сте многу уморни, ако претерате со кофеинот можете да станете непотребно нервозни, срцето да ви работи побрзо и повеќе да се потите. Задржете се на една шолјичка кафе и подобро изедете нешто здраво што ќе ве наполни со енергија.


2. Набавете минерална вода за лице во спреј
Имајте ја секогаш со себе, кога сакате да постигнете освежен изглед на лицето. Доколку е со некаква арома, може да ги размрда вашите сетила и да го разбуди задреманиот ум. Најдобро е да биде ладна, за полесно да ве разбуди.
3. Слушајте музика


Музиката има неверојатно силно дејство врз нашиот ум. Доколку не можете да ја пуштите гласно, користете слушалки за да ги слушате вашите омилени песни кои инаку ве тераат да танцувате, за да можете да го „подигнете“ вашето уморно тело.
4. Пијте по една чаша вода на секој час


Хидратацијата на телото е важна за да може правилно да се одвиваат метаболитичките процеси. Пијте ладна вода доколку ви е потребно инстантно будење, а во остатокот од денот можете да пиете и вода на собна температура. Испијте по една чаша на секој еден саат, за сјајна кожа и повеќе енергија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.