40 дена тага, болка, празнина – Костадиновска неутешна по колегите од ДНК

Придружниот вокал на ДНК, Ана Костадиновска која успеа да се спаси од страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани е неутешна по своите колеги од групата.

Таа напиша емотивна објава со фотографии по повод 40 дена од овој трагичен настан кој ја потресе цела Македонија.

„40 дена тага, болка, празнина“, напиша таа.

Сепак, како што може да се забележи посебно место во нејзиното срце има нејзината блиска пријателка и колешка на сцената Сара Пројковска.

„И те нема и секаде те има, неизбежно те има… во себеси те носам!!!“, вели Костадиновска за Сара

Пронајдете не на следниве мрежи: