40 години БИЈЕЛО ДУГМЕ: Горан Бреговиќ ft. Ален Исламовиќ на 7ми Ноември во Скопје!

Најголемиот спектакл оваа есен/зима во Македонија, ќе се случи на 7ми Ноември во салата Борис Трајковски.По повод 40години од неприкосновеното “Бијело Дугме”, а во склоп на нивната светска турнеја “КО НЕ ПОЛУДИ, НИЈЕ НОРМАЛАН”,  Авалон Продукција ќе биде организатор  на големиот славенички концерт на  Горан Бреговиќ, придружуван од “Оркестар за свадбе и сахране” и Ален Исламовиќ како специјален гостин.     
Авалон Продукција со задоволство  прифати  да го работи овој историски проект, поготово ако се земе во предвид  дека Скопје беше избегнато, кога пред 9 години се собра “Бијело Дугме”и кога имаше само три концерти  во Сараево, Загреб и Белград.
На оваа турнеја, за која Брега изјавува дека ќе свират секаде во светот каде има “наши” луѓе, ќе бидат изведени сите најголеми хитови на “Бијело Дугме” од нивните 9 албуми.

”Кад би био Бијело Дугме”, ”Селма”, ”Не спавај мала моја”, ” Пристао сам бићу све што хоће”, ”На задњем седишту мога аута”, ”Ружица си била”, ”Падају звезде”, ”Лоше вино”, ”Битанга и Принцеза”, ”Сањао сам нођас да те немам”, ”Липе цвату”, ”Тако ти је мала моја кад љуби босанац”, ”Хајдемо у планине”, ”Има нека тајна веза”… ова е само дел од репертоарот на најпродаваниот, најнаградуваниот и најслушаниот бенд на целиот Балкан на сите времиња.
Ален Исламовиќ за овој голем спектакл изјавува:
”Многу ми драго што повторно со Горан ќе застанеме на бина како во далечната 1989. Ќе ги свириме и пееме сите најубави песни на “Бијело Дугме” и заедно со нашите фанови да го прославиме 40 годишниот роденден на бендот. Јас како последен пејач на Дугме и тогаш ги пеев сите песни, па можам и денес. Секако тоа ќе бидат концерти полни со многу носталгија, тага и среќа. На концертите ќе не прати “Оркестар за свадбе и сахране” но во еден модерен манир. Сакам да ја искористам оваа прилика и да ги повикам сите генерации да ни се придружат заедно да го прославиме овој голем јубилеј ”.
Сите детали околу продажбата и цената на влезниците за овој голем спектакл, ќе бидат објавени во наредните неколку денови.По повод 40години од неприкосновеното “Бијело Дугме”, а во склоп на ни

Пронајдете не на следниве мрежи: