40 години живееле во изолација – ја пропуштиле Втората светска војна

Геолози за време на едно истражување на Сибир во 1978, сосема случајно откриле шестчлено семејство, кое над 40 години живеело во апсолутна изолација. Всушност, семејството било толку изолирано што членовите од истото ја пропуштиле Втората светска војна.
 
Денес е жива само 70 годишната Агафија која последниот член го погребала во 1988-мата година.
 
Семејството се нашло во оваа ситуација благодарение на одлуката која ја донеле уште во 17-от век, одбивајќи да ја прифатат реформата на фундаменталистичката православна секта, поради што биле прогонувани. На крај, во шума биле протерани од страна на Болшевиците, откако го убиле братот на таткото. Главата на семејството, Карп Ликов тогаш заедно со сопругата и двете деца побегнале во шума.
 
Длабоко во тагата, семејството добило уште два члена, а ниедно од децата нема видено друго лице во својот живот, освен сопственото семејство. Тие знаеле само за она што го слушале од нивните родители, а научиле да пишуваат и да читаат со помош на Библија и молитвеник. Сепак, истражувачите тврдат дека во времето кога ги откриле, тие говореле старински и тешко разбирлив дијалект.
 
Интересен е фактот дека за време на изолацијата ја пропуштиле Втората светска војна, но не се изненадиле нешто особено кога дознале дека дошло до војна. Некој период одбивале да прифатат дека човек бил на Месечината, но главата на семејството, Карп Ликов, сепак прифатил дека луѓето испраќаат во небото „огнови кои наликуваат на ѕвездите“.
 
За време на својот живот во дивината, постојано биле на работ на глад, а кога геолозите им донеле намирници, тие земале само сол. Главно јаделе компир, трева и корени, а водата од природата никогаш не им недостигала.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
 Геолози за време на едно истражување на Сибир во 1978, сосема случајно откриле шестчле

Пронајдете не на следниве мрежи: