Израелски иноватор, 50-годишниот Изхар Гафни, направил велосипед кој речиси целосно е направен од картон, што би можело да ја промени сообраќајните навики на луѓето, од најнаселените градови на светот па сѐ до сиромашната Африка.
„Отсекогаш ме одушевуваше примената на неконвенционалните технологија на материјалите и веќе тоа сум го правел неколкупати. Меѓутоа, ова е врвот на неколку работи кои се совпаднаа. Четири години работев за а ги отстранам слабите точки во структурата на пресвитканиот картон“, појаснува Изфар Гафни.
„Да се направи кутија од картон е лесно и таа е цврста и трајна, но да се направи велосипед беше многу тешко. Морав да најдам начин како да го пресвиткам картонот во неколку различни правци. Потребни ми беа година ипол за да го совладам тоа“, додаде израелскиот изумител.
Кога ќе биде подготвен за производство, велосипедот нема да има метални делови. Дурии механизмот за сопирање, управувачот и педалите ќе бидат направени од рециклирани материјали. Гафни е вљубеник во велосипедизам,а неговата работилница – шупа во неговата градина, е типично место каде што се раѓаат легендарните изуми.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: