петок, 13 ноември 2026
Најново

Во Австрија снег од 40 сантиметри

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Австрија во текот на ноќта стигна зимата, а снежната покривка во некои делови од земјата предизвикала проблеми во сообраќајот.

На местата Радштат и Кримл, на територијата на покраината Салцбург, утрово имало снежна покривка со висина од осум сантиметри, а на планините Оертауерн и Сонблик снежната покривка достигнала висина од дури 42 сантиметри.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

До проблеми во сообраќајот дошло на автопатот Тауернаутобан (А10) каде пред Тауернтунел, на северниот влез, паднале 35 сантиметри снег, па возилата без зимска опрема се лизгале. Исто така, во текот на ноќта се случиле повеќе сообраќајни несреќи без жртви, па автопатот морал да биде привремено затворен.

Патот Рауризерландштрасе во текот на ноќта беше затворен на три часа, поради недостаток на зимска опрема, 40 возила останале на патот. И австриската железница морала утрово да го запре сообраќајот низ Енстал поради снегот и дрвјата кои паднале на пругата.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Џиновско око најдено на плажа во Флорида

Вселенски шатл на улиците во Лос Анџелес

Австралија го претстави џиновскиот радио телескоп

Поврзани вести