Николиќ: Ако Европа побара признавање на Косово, се откажуваме од европскиот пат

Loading...

Ако официјално ни го постават условот Европа или Косово, ќе се откажеме од европскиот пат. Тоа го зборував и во кампањата, вели за „Новости“ српскиот претседател Томислав Николиќ.

„Веќе 11 години гледаме како се исполнува сè што ќе посакаат Албанците, повеќе нема да биде така“, рече Николиќ во интервјуто за „Новости“.

Тој додаде дека засега никој официјално не побарал признавање на независноста на Косово и Метохија.

„Ако сме ние стабилни и ги исполнуваме условите, не може Европа да биде нестабилна и постојано да ни поставува нови услови. Ние бараме само да ни се постават услови како и на другите земји, ни помалку, ни повеќе“, рече Николиќ.

Макфакс

loading...
Loading...