Инцидент со хемикалии во фабрика за чоколадо во Германија, евакуирани 1.800 луѓе

Заради можна катастрофа на северот на Германија прогласена е вонредна состојба, јавува германскиот весник „Билд“.

Според истиот извор, во понеделник вечер во фабриката за чоколадо „Крафт“ дошло до несреќа, односно до излевање на киселина, заради што 1.800 жители од околината на фабриката се евакуирани.

Портпаролот на фабриката за чоколадо изјави дека несреќата се случила случајно и дека не станува збор за намерен обид за труење со производи. Ситуацијата и натаму е алармантна бидејќи температурата во резервоарот со сода и натаму расте.

На теренот се излезени пожарникари кои се надеваат дека ситуацијата во текот на денот ќе ја стават под контрола.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: