Продадени 19.000 комплети на влезници за ЕП во Србија

Loading...

 

Ракометниот сојуз на Србија, соопшти дека за претстојното Европско првенство, во женска конкуренција, веќе се продадени 19.000 комплети на влезници.

Македонските навивачи, купиле поголем дел од билетите за натпреварите, кои репрезентацијата ќе ги одигра во рамките на Б групата во Ниш. 

Покрај приврзаниците на македонската репрезентации, влезници за мечевите во Ниш обезбедиле и навивачите на Данска и Франција. 

Домаќините обезбедиле најмногу влезници за дуелите во А групата, покрај српските навивачи за дуелите во оваа група голем број на билети обебзедиле и Норвежаните кои подготвувале посебна кореографија за својата репрезентација. 

Билетите за мечевите во Ц групата во најголем дел ги купиле навивачите на Унгарија. 

Македонската репрезентација на Европското првенство ќе се натпреварува во Б групата, заедно со селекциите на Франција, Данска и Шведска. 

Континенталното првенство во женска конкуренција ќе се игра во Белград, Ниш, Вршац и Нови Сад од 4 до 16 декември.

 

Макфакс

извор: танјуг

loading...
Loading...