Apple ќе го претстави iPad mini на 23-ти октомври

Loading...

Американскиот технолошки гигант Apple испрати во вторникот до новинарите покани за прес-конференција на 23-ти октомври, на којашто се очекува да биде презентирана компактната верзија на таблет компјутерот iPad, пишува интернет порталот All Things Digital.

По традиција, компанијата Apple однапред не ја најавува темата за која ја закажува прес-конференцијата, но се дава навестување, коешто произлегува од придружниот текст на поканата кој гласи „Имаме нешто малку да ви покажеме“.

Компанијата ќе ја одржи прес-конференција во Сан Хозе, во Калифорнискиот театар.

Според неофицијални податоци, iPad mini ќе има екран со дијагонала од 7,85 инчи. Сите досега лансирани таблети на Apple имаа 9,7-инчен екран.

Новитетот е насочен за перспективниот пазар на евтини масовни таблети, областа која веќе ја освојуваат Android конкурентите, како што се неколкуте верзии на Samsung Galaxy Tab, Amazon Kindle Fire и Google Nexus 7.

Цена на таблетот, како што се претпоставува, ќе биде пониска од онаа IPad-от со максимална големина од последната генерација, кој во САД чини од 500 до 830 долари, но повисока од оние на конкурентите, како на пример, Google Nexus 7 кој чини меѓу 250 и 250 долари. Повеќето аналитичари сметаат дека цената ќе се движи во дијапазонот од 300 до 350 американски долари.

Доколку Apple остане верен на својата вообичаен политиката што се однесува до  лансирањето на новите уреди на пазарот, појавата на минијатурниот iPad се очекува во петок на 2-ри ноември. Комерцијалното име на апаратот компанијата го држи во тајност, но новинарите веќе долго време новоста на Apple ја препознаваат како iPad mini.

Заедно со компактниот уред, може да биде претставен и максимално размерниот 9,7-инчен iPad со новиот конектор Lightning и мултифункционалната поддршка на LTE-мрежите.

Шпекулациите за развојот на iPad mini циркулираат веќе подолго време, и покрај фактот што есента на 2010 година основачот на Apple, Стив Џобс, го нарече компактниот таблет „мртвороденче“.

Севкупно, Apple досега има продадено повеќе од 84 милиони различни верзии на iPad и го задржува светското лидерство во таблет сегментот, со удел од околу две третини од глобалниот пазар. Според аналитичарите, доколку Apple навистина во ноември на пазарот го издаде компактниот iPad, до крајот на годинава ќе продаде 10 милиони нови уреди.

Макфакс

loading...
Loading...