Металург против Ловќен, мечот има хуманитарен карактер

Loading...

 

Ракометарите на Металург, во среда, ќе го одиграат натпреварот од петтото коло, во регионалната СЕХА лига. Противник на македонскиот првак ќе биде црногорскиот преставник Ловќен од Цетиње.

Металург, по четири одиграни рунди во регионалната конкуренција има шест бодови, додека Ловќен, во оваа фаза има освоено еден бод повеќе. 

Натпреварот кој ќе се одигра во салата во Автокоманда ќе има и хуманитарен карактер. Средствата собрани од продажба на билетите ќе бидат искористени за лекување на Боро Стајиќ кој летово имал тешка несреќа. 

Металург и Ловќен својот натпревар ќе го запонат во 18 часот.

 

Макфакс

 

loading...
Loading...