Евакуирана американската амбасада во Стокхолм

Американската амбасада во Стокхолм, Шведска, во среда беше евакуирана од шведскиот сервис за итни работи и полицијата, кои го истражуваат случајот со писмото во кое е најдена мистериозна содржина, поточно неидентификуван прав, пренесуваат шведските медиуми.

„Има потенцијална опасност по безбедноста при случајот што го истражуваме и привремено ја евакуиравме зградата“, вели Џеф Андерсон, портпарол на амбасадата за The Local.

Тој вели дека евакуацијата ја извршиле во претпладневните часови и дека соработуваат со шведските власти околу истрагата.

Според сервисот за итна интервенција на Стокхолм, бел прав е најден во коверт пратен на адреса на американската амбасада.

„Можам да потврдам дека имаше бел прав во пликото. Ќе биде анализиран денеска и утре, но за сега, не знаеме што е. Полицијата се на местото на настанот и го осигураа пликото по што безбедно ќе го изнесат од просториите“, вели Албин Новерберг  од полицијата во Стокхолм, пренесе The Local.

Запрашан дали пликото со непознат прав е причината за евакуација на зградата на амбасадата на САД, Андерсон вели дека не може да каже ништо друго, освен дека имало потенцијален безбедносен инцидент.

Според Андерсон, нема директни закани кон амбасадата.

Околу 150 луѓе работат во американската амбасада, но не се знае колкумина од нив биле на работа во среда и колкумина биле евакуирани.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: