Трамполина мост на Сена?

Париското студио AZC разви концептуелен дизајн кој освоил прва награда на натпревар за Мост во Париз.

Нивниот дизајн предвидува изградба на огромни трамполини поврзани во мост, преку кој минувачите ќе мора да скокаат за да преминат на другата страна на реката Сена во Париз.

Носечките столбови на овој мост едноставно се надувуваат, а меѓу нив се поставува огромна трамполина.

Мостот треба да се постави во близина на мостот Бир-Хакејм, а дијаметарот му е триесет метри.

Во центарот на секој од трите круга има огромна трамполина.

Останува да видиме само дали Французите се доволно луди за да го изградат овој несекојдневен мост.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: