Зошто се плашиме да сакаме?

Се измени времето, се изменивме и ние и нашите навики. Можеби светот денес е толку брз, немилосрден, без многу емоции, па затоа такви сме и ние во него.

Често денес некој ќе рече дека порано луѓето биле поискрени, се сакале, простувале, си верувале, денес со сигурност тоа не е така. Од топли и искрени луѓе, денес се претвориле во лица со маски, без емоции и страст во нив.

Такви се денес и врските меѓу младите. Ретко кој искрено сака,верува,споделува нежност со некого. Сите се плашат да не бидат разочарани и оставени сами. Ретко кој денес верува во вистински вредна врска, повеќе сакаат забава за една ноќ, но не и среќен долг брак со една иста личност.

Зошто денес се плашиме да сакаме? Не сакаме да не повредат, не сакаме да споделиме со никого ништо од нашиот затворен свет, да тоа е причината. Некој смета дека ова е правилниот начин, ако си премногу добар и емотивен на крајот ќе излезеш, како губитник со скршено срце.

Но дали на овој начин ќе бидеме среќни? Мислам дека сепак не, сакајте се, бидете искрени и така ќе бидете задоволни со вашиот живот.

Пронајдете не на следниве мрежи: