Браќа чекале шест години за да потврдат лото добивката од пет милиони долари

Двајца браќа од централен Њујорк, ја потврдија добивката на лотарија од пет милиони долари, што ја изгребале на среќка купена во продавницата на нивните родители пред шест години.

Енди Ашкар, 34 од Камилус, и Нејел Ашкар 36, од Цицеро, на 1 март годинава, 11 дена пред да истече времето на играта “$500,000,000 Extravaganza” ја пријавиле својата добивка од пред шест години.

Енди Ашкар вели дека ја купил среќката во продавницата на неговите родители во Сиракуза во 2006 година и помислил добивката да ја подели со својот брат, објаснуваат надлежните за играта.

Помалиот брат вели дека чекал толку долго за да ја пријави наградата затоа што не сакал толкава сума пари да влијае негативно на неговиот живот и расудување, откако одеднаш ќе биде познат како добитник на милиони.

Исто така, Енди не сакал добивката да му ја расипе свадбата, па на крај за него да се омажи некоја заради пари.

Сопругата на Најел, Сара, за The Post-Standard од Сиракуза рекла дека вестите за добивката се шират со неверојатна брзина, кај семејството и пријателите, кои постојано ѕвонат на телефон да го искажат своето задоволство и изненадување.

„Лудо е. Неверојатно, но сепак се случи“, вели Сара.

Мајката на добитниците Шаса, вели дека нејзиниот сопруг Нејеф, му ја продал добитната среќка на Енди, но не се сеќава кога точно.

Таа објаснува дека со нејзиниот сопруг се Палестинци кои имигрирале во САД пред 40 години, а продавницата ја поседуваат 12 години.

„Среќна сум, секако дека сум среќна“, вели Шаса за The Associated Press преку телефон.

Портпаролот на лотаријата Каролин Хапман вели дека браќата ја потврдиле наградата во агенцијата за награди на 1 март, што е доволно за оваа игра, затоа што таа не е како другите чиј рок истекува една година откако играта се повлекува, туку таа истекува по пет години.

Играта Extravaganza била повлечена на 12 март 2011 година, што значи дека браќата навреме ја пријавиле својата среќка.

Бидејќи среќката е купена кај родителите на добитниците, била спроведена истрага која докажала дека лозот е купен легитимно.

Браќата Ашкар работат како менаџери на продавници за автомобили во централен Њујорк, а подоцна на прес-конференција ќе бидат претставени како добитници.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Американски конгресмен од комисијата за наука ја отфрла еволуцијата

Австралија го претстави џиновскиот радио телескоп

Афрички крал најбогатиот човек во историјата 

Пронајдете не на следниве мрежи: