Папата ја поддржа Руската православна црква во осудата на Пуси Рајот

Loading...

Папата Бенедикт XVI се согласува со Руската православна црква по прашањето на нивната проценка на настапот на младите панкерки Пуси Рајот во московската катедрала.

Папата ова го изјавил за време на средбата со претставникот на Московската патријаршија во Ватикан, при тоа објавувајќи „солидарност со позицијата на Руската православна црква по тоа прашање“, пренесува Војс оф Русија.

Девојките од Пуси Рајот во февруари во катедрала во срцето на Москва изведоа петминутен перформанс во кој бараа од Богородица да го земе Путин, а руската Црква и Московскиот патријарх Кирил нивната постапка ја нарекоа богохулење и ги обвинија дека направиле злосторство потешко од убиство.

Две учеснички во перформансот се во затвор каде служат двегодишна казна, а третата, Екатерина Самуцевич е пуштена на условна слобода.

Папата рече дека е шокиран од бројноста на светските медиуми што ги поддржуваат Пуси Рајот.

Макфакс

loading...
Loading...