Секс на првиот состанок? Ако сакате брак или долга врска подобро почекајте

Многу често дамите денес имаат дилема во однос на оваа тема. Како да се однесуваат на првиот состанок со едно момче.

Дали да се постават сериозно и стабилно или пак веднаш потоа да заминат со тој ист маж и да имаат односи веднаш по тој прв состанок. Нема прецизна дефиниција и став, секоја дама е свет сам за себе. Секоја постапува различно во таа ситуација.

Но има неколку нешта кои секоја една дама треба да ги знае, пред да го направи тој чекор. Доколку барате само забава за една ноќ, тогаш можеби е во ред да постапите така, утредента нема да се каете сигурно ако сте свесни  за тоа вие самите.

Но доколку сте во потрага по сериозна и стабила врска или брак, немојте да го сторите тоа. Мажите погрешно ги проценуваат работите во таа ситуација, не ве сфаќаат сериозно по тој чин, и вашиот однос потоа нема да биде како што посакувате. Покажете се во сериозно и стабилно светло, дајте си цена сами на себе, и ќе добиете огромна почит и од нивна страна.

Мажите секогаш трчаат по она кое ги одбива, по она кое е предизвик за нив, тоа што тешко се добива. Па доколку лесно го добијат тоа од вас, вие нема да бидете интересна за него повеќе.

За да освоите еден маж денес навистина треба да, имате развиена тактика и стратегија запомнете.

Оддавајте впечаток на неосвоива дама на првиот состанок и резултатот сам по себе ке дојде, вашиот избраник ке биде пред вашите нозе.

Пронајдете не на следниве мрежи: