Најскапите вина во светот

Сте се запрашале некогаш каков е вкусот на 4.000 долари? Или можеби 20.000, или 50.000… 100.000?Додека некои луѓе сонуваат да дојдат до такви пари, работата на други е да направат шише вино кое ќе вреди толку – без разлика дали самите тие можат или не можат да си дозволат да го пијат тоа вино.
Цената на некои од следните вина што ќе ви ги претставиме е повисока од цените за цели семејни куќи, но сепак има луѓе кои таа цена нема да ги одврати од намерата да поседуваат шише вино кое некогаш му припаѓало на Thomas Jefferson, или шишиња кои биле извадени од бродолом. Некои велат дека шишето вино е многу повеќе од она што на прв поглед се гледа – се работи за уметност. Еве колкави се цените што таа уметност може да ги достигне понекогаш.
1. Royal DeMaria – 30.000 долари
Ова е десертно вино кое се прави од гроздови зрна кои се замрзнуваат пред да почне процесот на ферментација. Самото тоа го прави поскапо од другите видови вино. Едно шише од оваа колекција во 2006 година се продаде по цена од 30.000 долари. За тие пари во денешно време можете да купите Mini Cooper.
 
 

 
 
2. 1775 Massandra – 43.500 долари
Шише од оваа руска винарија во 2001 година се продаде по цена од 43.500 долари (што значи денес тоа би вредело околу 52.000 долари. Ова е најстарото вино од Massandra.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
3. 1945 Chateau Mouton-Rothschild – 47.000долари
Ова вино е правено специјално за сопственикот на винаријата Chateau Mouton-Rothschild. Токму ова 6-литарско шише се продало во Sotheby’s (британска аукциска куќа со претставништва низ целиот свет) во New York за цели 310.000 долари. Тоа би значело околу 47.000 долари за секои 750ml.
 
4.1787 Chateau Yquem – 100.000 долари
Специјална колекција од Sauternes, Bordeaux.Ова шише вино кое го гледате на сликата беше купено од американски колекционер за “само”100.000 долари.
5. 1811 Chateau d’Yquem – 117.000 долари
Ова шише на Sauternes стана најскапото шише бело вино во светот кога Christian Vannequeго купи оваа година за неверојатно 117.000 долари. Се вели дека ова е едно од најдобрите и најквалитетните вина некогаш произведени.
 

6. Romanee Conti 1945 – 123.900 долари
Ова вино било произведено за време на Втората Светска Војна – пред избивањето на болеста phyloxxera (еквивалент на чума за лозовите насади) – направени се само 600 шишиња. Навистина ретко вино, кое извесен американски колекционер го платил цели 123.900 долари.
 
7. 1787 Chateau Lafite – 160.000 долари
 Продадено во 1985 на Malcolm Forbes, за ова шише се вели дека припаѓа во колекцијата на Thomas Jefferson, неговите иницијали се изгравирани во шишето. Forbes платил 160.000 долари за ова шише, што во денешни услови би значело околу 315.000 долари. Ова вино повеќе не може да се пие, и има статус на чисто колекционерско шише.
 
8. 1869 Chateau Lafite – 233.972 долари
Проценките за реалната вредност на ова вино застануваат на околу 8.000 долари, но ова шише во 2010 година се продаде за цели 233.972 долари на анонимен колекционер од Азија. Луѓето од аукциската куќа биле вчудоневидени. Цените за Lafite се огромни во Азија;таму се смета за луксузно вино, и многу богати луѓе го сметаат за идеален подарок.
9.1947 Chateau Cheval Blanc – 304.375 долари
 Ова шише е продадено за 304.375 долари. Едно од најквалитетните вина од областа на Bordeaux, претходно било во сопственост на швајцарски колекционер, а продадено е на аукција во Женева. Проценките се дека ќе може да се пие во наредните 50 години, пред да стане само украс во колекциите.
 

 
 
 
 
 
 
 
10. 1907 Heidsieck – 275.000 долари
 Изгубено во бродолом, ова вино било дел од колекцијата на руското кралско семејство во 1916, и било откриено од анонимен морнар во 1997. Секое од шишињата Heidsieck било продадено за по 275.000 долари
 
 Сте се запрашале некогаш каков е вкусот на 4.

Пронајдете не на следниве мрежи: