Металург без Марковски и најверојатно Ангелов против Санкт Петербург

Loading...

 

Столбот на одбраната на македонскиот ракометен шампион Металург, Велко Марковски, кој поради повреда го пропушти мечот со Силкеборг во Лигата на шампиони и Ловќен во СЕХА лигата, нема да настапи ниту на мечот со Санкт Петербург.

Марковски, кој има повреда на носот, по препорака на лекарите нема да конкурира за место во екипата. Покрај Марковски, неизвесен за настап против рускиот преставник е и голманот Петар Ангелов. 

„Тој се повреди на натпреварот во Данска, неговиот грб е чувствителен, падна незгодно. Не тренираше оваа недела, не играше на мечот со Ловќен, во овој момент неговиот настап е неизвесен. Доколку не може да игра ќе настапи Митревски“, изјави тренерот на Металург, Лино Червар. 

Натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампиони, Металург-Санкт Петербург, ќе се одигра во сабота, во салата „Борис Трајковски“ со почеток во 18 часот.

 

Макфакс

извор: макфакс

loading...
Loading...