Масимо Савиќ на концерт во Скопје

Авалон продукција вчера информираше дека на 07.11 со почеток во 21 часот во Универзалната Сала во Скопје,ќе се одржи голем концерт, на еден од најдобрите машки вокали на Балканот на сите времиња, Масимо Савиќ.

Масимо во Македонија пристигнува во склоп на неговата Балканска турнеја,на која го промовира својот нов албум”Додирни ме случајно”, но секако голем дел од репертоарот е посветен и на огромниот број хитови од неговите предходни албуми.

Во Скопје, Масимо пристигнува со својот бенд од 6 членови кој го сочинуваат: Далибор Пипо Матошевиќ-гитара,Марко Матошевиќ-тапани,Александар Саша Исмаиловски- клавијатури,Борис Попов-перкашн,Горан Делаќ-бас и Марко Фирст-виолина и акустична гитара.

На албумот на семејството Тавитјан “Македонското срце чука во 7/8' Масимо ја отпеа “Елено ќерко”.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: