Истражи ја Македонија-Битола

Loading...

Битола – град на конзулите. Се наоѓа на југозападниот дел на Македонија.
Битола е културен, економски, индустриски, образовен и научен центар за тој дел од нашата прекрасна Македонија. За време на Југославија бил еден од културните центри, како во Кралството Југославија, така и во СФР Југославија.
Таткото на турската нација Кемал Ататурк завршил офицерска школа во Битола. Некои негови предмети денес се чуваат во битолскиот Народен музеј.
Многу важни настани од македонската и балканската историја се случиле во Битола.
На крајот на деветнаесеттиот век бил толку силен град, што неговото население непрестано растело и го надминало бројот на населението на Белград.
Во Битола се снимени првите фотографии и филмови, благодарејќи на браќата Манаки.
Денес останале многу организации и фестивали, коишто по долг период, повторно се одржуваат. Еден од нив е од 29 јули до 2 август во битола, во знак на спомен на Илинденското востание, под името “Kултурен фестивал Илинденски денови’.
Градот е во подножјето на планината Баба(со врвот Пелистер висок 2.601 м) во средишниот дел на пелагониската котлина. Низ него тече реката Драгор.
Битола е традиционално важна трговско- патничка врска помеѓу Јадранското и Егејското Море.
Широк Сокак (официјалното име на улицата е “Маршал Тито”, позната и како “битолското корзо”). Таа е вистинско срце на градот и тука се наоѓаат најголемите ресторани, продавници, ресторани, театарот со опера и галерии. А на самиот крај на Широк Сокак се влегува во простран цветен парк полн со дрвореди, којшто води до зоолошката градинаи античкото пронаоѓалиште Хераклеа Линкестис.
Редакцијата на пулс24 ги поздравува битолчани со композицијата “Битола мој роден крај” од албумот “Македонското срце чука во 7/8” на Гаро и браќата Тавитјан и Оливер Драгојевиќ.
 
 

loading...
Loading...