Шундовски и Ангеловски со деби победа во ракометната ЛШ

Loading...

 

Екипата на Костанца, во четвртото коло, ја забележа првата победа во ракометната Лига на шампиони.

Екипата за која настапува Бранко Ангеловски, а тренер е македонскиот селектор Звонко Шундовски, во рамките на четвртото коло од Б групата забележа победа над Цеље од 22:17 (10:5). 

Репрезентативецот на Македонија, Ангеловски, во победата на својот тим партиципираше со два гола. Констанца, во претходните три кола загуби од Савехоф, Веспрем и Кил. 

Во следното коло романскиот претставник, на домашен терен, ќе го пречека Атлетико Мадрид за кој настапува Кирил Лазаров.

 

Макфакс

извор: макфакс

loading...
Loading...