Над 28 мртви во судирите на јеменската армија и Ал Каеда

Loading...

Најмалку 15 војници и 13 лица за кои постои сомневање дека се припадници на Ал Каеда, се убиени во петокот во напад врз воена база во јужната јеменска покраина Абиџан, соопштија воени извори.
Во петокот наутро двајца напаѓачи самоубијци облечени во униформи на јеменската армија се довезле со возило полно со експлозив пред воена база. Во експлозијата првично загинале десет јеменски војници,а 15 биле рането. Веднаш потоа група бунтовници ја нападнала воената базата од страна на морето, а во жестокиот судир загинале уште пет војници и 11 напаѓачи. Последните неколку седмици во Јемен се засили насилството.  САД, кои се загрижени за сé поголемата моќ на глобалната терористичка организација Ал Каеда, презема серија напади со беспилотни летала во областите коишто се сметаат за упоришта на исламистичките бунтовници, а милитантите од своја страна ги засилија и зачестија нападите врз воени цели и институции на јеменските централни власти. Од мај 2011 година, градот Зинџубар и околината се под контрола на припадниците на Ал Каеда. САД имаат тесна соработка со властите на Јемен во борбата против тероризмот. Нападите на американските беспилотни летала често се насочени врз припадниците на Ал Каеда чиишто бази се на југот и југоисток од државата, иако Вашингтон официјално ги негира ваквите операции. Вооружениот конфликт меѓу исламистичките бунтовници и владините сили во јужниот дел на Јемен продолжува од крајот на мај 2011 година, кога неколку стотици екстремисти користејќи ја политичката и безбедносна нестабилност во земјата ја преземаа контролата во неколку градови во провинцијата Абиџан, вклучувајќи го и административен центар Зинџиб. Ланскиот септември јеменските власти објавија дека го ослободиле поголемиот дел од градот, но во неговата близина континуирано досега се водата борби со бунтовниците. Осиромашената земја во којашто истовремено екс-режимските сили се борат и со ќелии на терористичката глобална мрежа Ал Каеда, од јануари 2011 година е потресувана од речиси секојдневни масовни протести, со кои се бараше оставка на режимот, како и ставање крај на корупцијата и невработеноста, а сега судско гонење на поранешниот претседател Салех и неговите блиски. Речиси 40 отсто од населението на Јемен опстојува со приход од два американски долара на ден или помалку, а една третина се бори со хронична глад. Досегашниот претседател Али Абдула Салех кој беше на власт е веќе 33 години, во замена за отстапување од функцијата доби целосен имунитет од секаков судски прогон. Противниците Салех бараа негово заминување од функцијата, иако неговиот мандат истекуваше на крајот од 2013 година. Протестите инспирирани од востанијата во Тунис и во Египет го доведоа до работ на пропаст 33-годишното владеење на актуелниот претседател Али Абдула Салех. Тој во почетокот повика на прекин на насилствата, затоа што немал никаква намера да си поднесе оставка. Претседателот Салех кон крајот на октомври минатата година изјави дека постои „сеопфатна документација за соработката меѓу Ал Каеда и Муслиманското братство, којашто упатува на дестабилизација на земјата и воен удар”. Според него опозицијата ја сочинуваа „пореметени луѓе кои не можат да спијата туку само ја посакуваат власта”. Салех стана претседател на Северен Јемен во 1978 гoдина по повторното обединување на Северен и Јужен Јемен во 1990 година, застанувајќи на чело на новоформираната унитарна Република Јемен.
Макфакс

loading...
Loading...