Почнува лов на ‘пиратеријата’

Американците започнуваат со имплементација на систем за предупредување на корисниците кои симнуваат пиратериски содржини. Тоа претставува лоша вест на сите оние кои симнуваат торенти.
Системот го развиле Американските организации за авторски права во полето на музиката и филмот во соработка со нивните најголеми подржувачи-ISP. Системот ќе работи на принцип што ќе им ги испраќа IP-адресите на сите оние кои симнуваат пиратска содржина на ISP koи ќе им испраќаат известувања секогаш кога ќе дознаат дека некој ги прекршува авторските права.
Доколку продожи симнувањето на филмски и музички содржини, ISP ќе испраќа и понатаму известувања, но доколку се надминат над 6 известувања, тогаш ISP испраќа едукациски материјал за заштита на авторските права. Воедно после 5тото и 6тото известување, ISP ќе издејствува да се намали интернетот на корисникот, но многу веројатно е и воведување на парични казни.
Ова се многу лоши вести за оние кои симнуваат преку Torrent бидејќи сигурно тој програм ќе престане да постои токму поради високите казни за повреда на авторските права.
Иако изјавите за овој систем се во контекс за заштита на авторските права, корисниците на Тorrent на блогот на torrentfreak сметаат дека ова е всушност еден чекор напред до тотална забрана на користење на интернетот. Исто така тие сметаат дека ова може да биде основа за поднесување на тужба за сите оние корисници кои симнуваат пиратски содржини и покрај известувањата, односно имплементација на системот за лов на пирати.
Сеуште не е потврдено кога ќе започне имплементацијата на овој систем, сепак гласините велат дека најверојатно со оглед на напредувањето на овој метод тоа ќе започне веќе во ноември…
 
Прочитајте ги и следниве статии:
САД ќе го модернизираат својот нуклеарен арсенал 
Mozilla ја повлече верзијата Firefox 16 поради ранливост  
VIP повторно организира Android натпревар
 
 

Пронајдете не на следниве мрежи: