четврток, 12 ноември 2026
Најново

Џиновски постери на голи мажи ја шокираа Виена

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Австрискиот музеј мораше да прекрие неколку од постерите на голи мажи кои беа објавени низ Виена поради контроверзиите кои тие ги предизвикаа…Постерите се дел од претстојна изложба во Леополд музејот 'Nackhte Manner' (Гол Маж) која го претставува новиот револуционерен поглед на човечкото тело.

Потпаролот на музејот изјави дека добиле многу поплаки кои не ги очекувале и дека не ни претпоставиле објавувањето на тие постери да ја вознемири толку јавноста во Виена.
'Daily mail' објави дека на изложбата ќе бидат претставени околу 300 фотографии на голи мажи. Делото 'Viva la France' e oна кое се издвојува од останатите. Имено, делото е составено од три фотографии на фудбалски навивачи од три етнички групи кои на себе немаат ништо друго освен чорапи во боите на Франција и фудбалски патики. 
Претходната изложба од ваков вид беше со прикажување на женски голи актови. Околу таа изложба не се крена толку јавноста, која што бурно реагираше за оваа со машките актови.
 
Погледнете ги и следниве статии:
Откриена планета со четири сонца 
Почнува лов на 'пиратеријата'
 

Поврзани вести