Кои се најголемите нарко-босови на сите времиња?

Кои се најбогатите нарко-босови на сите времиња? Овој вторник, на интернет беше објававена листа од десетте најбогати нарко-босови кои некогаш живееле. Парите што ги собрале, законите што ги кршеле и опасностите што ги преживеале веројатно ќе ве остават во шок.
1.Al Capone – 1.3милијарди долари
Основен извор на парите на овој гангстер роден во Brooklynе биле шверцот на дрога, проституција, коцкање… Caponeбил многу влијателен во редовите на мафијата во Chicago. Во 1931 е осуден на 11 години казна затвор. Во времето на неговата смрт во 1947, се проценува дека Al Capone “тежел”околу 1.3 милијарди долари.
 
2.Griselda Blanco–2 милијарди долари
Ова е единствената жена која се најде на овој список. Позната била како “Кумата на кокаинот”, се работи за безмилосен член на Колумбискиот Medellinкартел во текот на 1970-тите и почетокот на 1980-тите. Беше убиена во септември оваа година од страна на “луѓето на мотори од Колумбија”.
Бланко има поминато скоро 20 години во затвор во САД пред да биде депортирана назад во својата земја. Во времето на својата смрт се вели дека вредела околу 2 милијарди долари.
 

 
 
 
3.       Carlos Lehder – 2.7 милијарди долари
Carlos Lehder, еден од основачите на Medellinкартелот во Колумбија, е германец кој се занимавал со продажба на дрога во Колумбија. Сега издржува 55-годишна казна затвор во САД.
 
 
 
 

 
 
 
 
 
4.       Браќата Orejuela – 3милијарди долари
Браќата Gilberto и Miguel Orejuelaсе основачи на озлогласениот колумбиски Cali картел, кој во своето “златно време” снабдувал 70% од кокаинот кој бил присутен во САД и 90% од кокаинот во Европа. Браќата во моментов отслужуваат казна затвор во САД.

 
 
5.       Jose Gonzalo Rodriguez Gacha – 5 милијарди долари
Jose Gonzalo Rodriguez Gachaе уште еден од основачите на Medellin картелот (сите 6 основачи на Medellinсе наоѓаат на овој список). Gacha, признат како еден од најуспешните нарко дилери на сите времиња, бил убиен во престрелка со колумбиската полиција во 1989 година. Илјадници луѓе биле присутни на неговиот погреб. Во 1988, магазинот Forbes го претстави Gacha во својот годишен список на светски милијардери.
 
 

 
 
 
6. Khun Sa – 5 милијарди долари
Khun Sa, познат под името “Кралот на опиумот”, поведе цела армија од луѓе да собираат опиум во џунглите на Бурма. Во времето кога бил најмоќен, Sa имал 20.000 луѓе под своја команда, и во тоа време успеал да склучи некои од најголемите зделки за продажба на хероин во историјата. Saумрел во 2007 година, на 73-годишна возраст, според списанието The Economist.
 

 
 
7.Браќата Ochoa– 6 милијарди долари
Тројцата браќа Ochoaсе преостанатите тројца основачи на картелот Medellin во Колумбија, заедно со Carlos Lehder, Jose Gacha  и Pablo Escobar. Сите тројца стигнале до списокот на милијардери на Forbes во 1997 година. Сите тројца се соочиле со затворски казни, и веќе го имаат изгубено своето богатство. Fabio Ochoaе единствениот што сеуште е во затвор, издржува 30 годишна казна во федерален затвор во САД.
 
8. Dawood Ibrahim Kaskar – 6.7 милијарди долари
Dawood Ibrahim Kaskar е најбараниот криминалец во Индија. Тој е глава на Индијскиот Синдикат на Организиран Криминал во Мумбаи и се наоѓа и на листата на најбарани луѓе од Интерпол. Неговото богатство се проценува на 6.7 милијарди долари.

9. Amado Carillo Fuentes – 25 милијарди дoлари
Кралот на дрогата во Мексико, Amado Carillo Fuentes, стана глава на Juarez картелот по убиството на неговиот претходник Rafael Guajardo. Fuentes, исто така познат како “Господарот на небото”поради големиот број авиони што ги користел при транспортот на дрогата која ја продавал, во 1999 година беше претставен како еден од најопасните и најмоќните нарко-босови во светот. Fuentesпочинал во мексиканска болница во 1997 година, поради компликации при пластична операција која имала за цел да му го смени личниот опис.
10. Pablo Escobar – 30 милијарди долари
Заедно со останатите основачи на Medellin картелот, прикладно е на врвот на овој список да застане и водачот на најголемата организација за продажба и криумчарење на кокаин во историјата. Celebrity Net Worth пишува дека откако Escobarбил фатен, колумбиската Влада му изградила луксузен затвор наречен La Catedral. Тој успеал да избега во 1993 година, по што бил застрелан во еден од апартманите на Medellin. Кога Escobarби бил вклучен во листата на Forbes за најбогати луѓе во светот денес би се нашол на седмата позиција.Кои се најбогатите нарко-босови

Пронајдете не на следниве мрежи: