Во експлозија убиени 19 сватови во Авганистан, и 11 фудбалери

Loading...

Во експлозија на бомба подметната крај пат, убиени се најмалку 19 лица, меѓу кои жени и деца, а ранети се најмалку 14, соопшти локалната полиција.
Бомбата била подметната во покраината Балк, соопштил портпаролот на покраинската полиција Шир Џан Дурани за Reuters, додавајќи дека зад нападот стои радикалното исламистичко движење Талибан кое беше соборено од власта со инвазијата на меѓународната коалиција предводена од САД и НАТО во 2001 година. „Групата луѓе тргнала на свадбена прослава во едно село, а бомбата ја подметнаа непријателите на Авганистан“, изјавил портпаролот Дурани. Во одвоен инцидент напад во северниот дел од Авганистан во провинцијата Џавзџан, автобус со играчи на фудбалски тим од правата лица коишто патувале на натпревар во главниот град Кабул удрил во цистерна со гориво, при што загинале 11 фудбалери,а 36 лица вкупно се повредени. Несреќата како што јави авганистанската агенција PAN (Pajjhwok Afghan News) се случила во четвртокот навечер на периферијата од местото Шиберган на автопатот што ги поврзува градовите Шиберган и Мизар-и-Шариф. Меѓу жертвите се и двајцата возачи, на автобусот и на цистерната, изјавил за агенцијата шефот на полицијата во провинцијата, бригадниот генерал Абдул Азис Гаират. Според него, овој инцидент се случил поради непридржување до сообраќајните прописи. Шестмина се полесно повредени, додека четворица други од автобусот со фудбалерите се во критична состојба, изјавил за агенцијата извори од болницата во Џавзџан.
Макфакс

loading...
Loading...