Жито Прилеп на двомеч против Лундагард

Loading...

 

Ракометарките на Жито Прилеп, викендов ќе ги одиграат двата меча против шведскиот Лундагард во рамките на второто коло, во Купот на победниците на куповите.

„Лундагард е екипа која е составена од квалитетни ракометарки, имаат четири јуниорски репрезентативки и неколку интернационалки. Главно оружје им е зоната 6-0 од која брзо се трансформираат во нападот. Носители на играта се средниот бек Еба Енгдал и левиот бек Ванеска Телемарк. Ние треба да играме трпеливо и дисциплинирано во нападот и ќе мора да ја затвориме Егдал која е нивниот главен играч“, вели тренерот на Жито Прилеп, Борче Маркоски.  Победникот од овој двомеч, во следната рунда ќе игра против Париз хандбал.
 
Макфакс

loading...
Loading...