Венгер остана со само еден голман

 

Голманот на Арсенал, Лукаш Фабијански, од фудбалските терени ќе отсуствува најмалку три месеца, откако ги скинал лигаментите на скочниот зглоб, соопшти неговиот клуб.

Фабијански, во четвртокот се повредил на тренингот на Арсенал, изјави неговиот тренер Арсен Венгер, кој подвлече дека голманот ќе мора да замине на операција.  Венгер има проблеми со чуварите на мрежата, бидејќи покрај Фабијански повреден е и неговиот сонародник Војчех Шчесни.  Единствен голман на кого може да смета Венгер е Италијанецот Вито Маноне, кој ќе го брани голот на Арсенал на саботното гостување кај Норич.
 
Макфакс
извор: б92

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.