Деловен човек барал мито од 60 милиони евра

 Деловен човек кој барал пари за да влијае врз европски закон, што резултираше со оставката на еврокомесарот за здравје, барал 60 милиони евра мито, соопшти во петокот шведската тутунска компанија „Swedish Match“.
Европскиот комесар за здравје и заштита на потрошувачите Малтежанецот Џон Дали, во вторникот поднесе оставка откако Европската агенција за борба против измамите (OLAF) откри дека деловен човек исто така од Малта се обидел да ги искористи своите познанства и врски за да дојде до него, за да се обиде да влијае врз идните европски закони за тутунската индустрија.
Дали ги отфрли наодите на OLAF кој состави извештај откако шведската компанија „Swedish Match“ ја извести Комисијата за обид за корупција во мај 2012 година. Бизнисменот чиешто име не е објавено, ја понудил својата помош во убедувањето на Европската унија да ја укине забраната за извоз на снус-от (влажен шведски тутун во прав за џвакање – з.р), главниот производ на „Swdish Match“ кој е забранет во сите земји на Европската унија, освен во Шведска. Шведскиот дневен весник Aftonbladet пишува дека неименуваниот деловен човек од Малта, побарал од „Swedish Match“ 10 милиони евра однапред и уште 50 милиони евра, кога Европската унија ќе го промени законот.
 
Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: